Неколку пати во некаков контекст го спомнував Амди Бајрам. Лично, ама баш ништо немам со нити против него како личност. НО!
Сакам некој да ме разубеди и да ме демантира дека ако разликата е еден глас меѓу Грујо и Заев, тогаш сите треба да се вратиме на високо средно подигнатиот среден прст на Амди кон протестантите и да се потсетиме дека Амди е кројачот на судбината на овие избори. Кој свати, свати. Гласот на Амди е крстител, а вие скокајте до таван и па нема да ме разубедите дека логиката не држи. Знам дека е тешко да признае чоек, ама тоа средниот прст страшно драгоцен. А башка уште два-три феномена „a la Macedoniae Antica“ кои немаат никаква врска со дерби утакмицата ВМРО – СДСМ. Хајт! Наздравје бричење Македонијо. Тешко е да се голта вистина која е горка а да нема јогурт „да ја бутне“ побрзо да се проголта.
ПА ОНДА КАЖЕ:
Нема комбинација која вели дека Македонија ќе биде ‘’ на раат ‘‘ уште еден долг период. На страна борџовите и социјалните лајна у кои сме до гуша. Друго е во прашање. Не постои варијанта у која ке му се затвори уста на едниот затоа што премногу се инвестира на сите нивоа за да си свитка опашка и рече „ок, еве, алал да му е на победникот“! Дека “Era Gruica“ мора да оди во историја – мора. Не е Грујо во прашање. Во прашање е исконско-традиционалното тотално разнебитување на единството на демосот, кој овој пат оди докрај со музиката ‘’из све снаге на сва чула ( Дугме)“. И порано имало незадоволство, имало разединетост и иконографии кои биле од простачко смешни, до идеолошко небулозни, ама овој пат Македонија се соочува со нешто многу пострашно, а тоа е маса народ која е дојдена до ѕид од кој нема ни лево ни десно.
Ако некој мисли дека туку така ќе се повлече еден конгломерат од ВМРО-вци од државниот апарат на сите нивоа, онда тој е зеленко кој не гледа дека ова е последната битка за да се задржи приказната за „без нас Македонија нема“. Во таа битка секако не треба да се смета дека сите ке бидат избркани од работа (БОЖЈИ ГРЕВ БИ БИЛО), туку дека моќта, влијанието, привилегиите, врските и комотноста на владеењето ќе бидат изгубени а со тоа и незадоволството ќе биде ставено до ниво на „ни војна ни мир на работно место“. Дали знаеме колкав е тој конгломерат на сите нивоа? Е, живи били па видели. Не се одлепуе газ тек така од столче што привилегија значи. А што значи тоа… ‘’да гу ‘бем“.
Ако некој пак мисли дека СДСМ нема да оди до крај со борбата за симињање на режимот,.. хе хе! И, тука доаѓаме до анаа „змија да те апне или магаре да ти го бапне“ ( с‘ опроштење, де)! Еден ќе го повлече чкрапалото на бељата. Каква беља бе?… Еми, „не знам какво ште б‘дне‘‘, ама на арно нека е. И?… и ништо! Да сме живи и здрави, заедно со се државата. Е како бе? Еве како?
ИНДИЈАНЦИТЕ КРОЈАТ КАПА ‘‘ AS USUAL‘‘
Парадоксот на нашата секојдневност во политиката, а од аспект на „сега и тука“, е во тоа што за најмакедонската античка држава одлучуваат сите освен македонците! А бе ај што збориш?! Едноставно бе луѓе, зашто не ја гледате вистината во очи? Апелирам да не бидам погрешно разбран, ама токму тука се отсликува на најубав начин мултиколоритот и мултиетничкото секојдневие на Македонија во која и да сакаш не можеш да побегнеш од ‘’немакедонецот’’ како фактор. Ако меѓу двете ‘’македонски коалиции’’ пресуден беше гласот на претставник на ромите (фигуративно, ее,.. Амди бе прст ти се позлатио), а од друга страна не може никој да фати оро без да коалицира со етничката група која ја нареку ваше некој у бомбите ‘’индијанци’’, тогаш кој одлучува за судбински нешта? Јас сум свесен дека е тоа страшно болно за оние кои македонштината ја апострофираат како императив, ама простата математика го кажува баш тоа! Ром доведе до една бројка разлика, а без индијанците па ‘’нема свадбе па да га јебеш’’! Ауууу,.. а бе работава била врфка бе! Е, да! Не ти е јасно? Еве.
GOOGLE TRANSLATE:
Овие избори се еклатантен пример за мултиетничноста на тлото на Р. Македонија. Ни ја без тебе можам, ама богами ни ти без мене! И каде сме сеа и што треба да праиме. Па замисли како тек ке биде кога еден ден ќе се изгуби шмекот на моно национал етничките партии и сите ќе прејдат на некаков нов граѓански концепт на креирање политика. Кој на чие ќе биде!? Секој дома, а се измешано до несвес. Секој на своето, а ( фигуративно) секој на туѓото. У ствари кој на чие е!? Каша попара, а? Не! Сите на своето ама со поинаков ментален склоп и процесор од кој најголем ќар ке има – државата. Е, ајде да го видиме и тој филм. Една работа сигурно ќе изгуби на сила, а тоа е меѓу етничкиот инает и натпреварот по основ на „моето ли е твоето ли е“. Народот вика „ќе мериме јајца’’! До кога?… – дур не си ги испокршиме! КОМУ СЛУЖАТ СКРШЕНИ ЈАЈЦА?
ERROR / FILES NOT FOUND :
Кои фајлови недостасуваат во државава? Недостасува фајлот со прашањата
- Имат или немат македонците и албанците намера да прават здрава држава
- Како да ја направат
- Што е државен интерес / на таа држава
- Кој е газда? – има ли газди
- Како да функционира
- Кој ќе игра у одбрана а кој у напад, акој лево, десно крило…..
- ТОЧКА РАЗНО / суб фолдер со триста порно слики
“CTRL – ALT – DELETE” – or F5 “refresh”:
Никој не може да им го одземе правото на македонците да вреват гласно дека ова се судбински моменти за зачувување на идентитетот, интегритетот и дигнитетот на современа Република Македонија. Респект и почит од лично моја страна. А сигурен сум и од најголемиот дел на албанското АВТОХТОНО население. Проблемот е многу едноставен. Замислете го просторот на Македонија како еден голем шатор во кој сме се набутале сите да спиеме. На еден му смрдат ноги, другиот крчи, третиот прди, четвртиот смрди на кромид, петиот вика ‘’маму ви ебам не можам од вас да спијам‘‘. Никој нема кај да иде, оти ако излезе од шаторот ке остане на месечина а другите шатори не те примаат. И они иста мука, ама тебе у твој шатор те интересира. И како да се заспие на раат? Еве како! Прво ќе се преброиш колку души спијат во шаторот. Пописот не е направен! После, пред шаторот ке ставиш пусулче на кое ке пишува кои се ‘’адетите’’ у шаторот. После ке видиш кој ке спие со глава накај влезот, а кој натака.
“CTRL – ALT – DELETE” – or F5 “refresh”:
РЕФРЕШ! Да!,… уствари тоа и ни се случува,… ама народ не разбира. Кој народ? Да разбираше народ немаше да дојде до сево ова!
ВО МЕЃУВРЕМЕ “ the Admin”… работи на случајот!
Не ме разбравте?… е па никој не научил компјутери преку ноќ , де!!… Ај,.. трпение.
Агим Јонуз