Фирмата „Силекс неметали“ од Кратово го доби тендерот вреден 30.570.000 евра од Министерството за земјоделство за изградба на браната “Речани” на Оризарска река во кочанскиот крај, информира порталот Нова.
Договорот е објавен денеска на интернет страната на Јавни набавки, а е склучен во екот на изборната кампања на 9 декември. На тендерот се јавиле три фирми, а избрана е токму „Силекс неметали“.
Оваа компанија е фирма ќерка на „Рик Силекс“, каде мнозински сопственик е политичарот и бизнисменот Љубисав Иванов – Ѕинго. Тој е долгогодишен претседател на Социјалистичката партија, а министерот за земјоделство Михаил Цветков доаѓа од истата партија.
Синот на Љубисав Иванов-Ѕинго, Горан Иванов, е директор на провладината телевизија Сител, а неговиот глас можеше да се слушне во разговори со високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Иванов во еден разговор со екс министерот за транспорт, Миле Јанакиески, лобира за повисока зграда за социјалистичка партија во Тафталиџе иако граѓаните не се согласувале, како и за одреден тендер во Кратово.
…
сторијата во целост прочитајте ја тука