Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17485

„Веибо Груп“ отпушти 85 вработени –Владата ветуваше 5.600 работни места!

$
0
0

Турско-кинеската компанија „Веибо Груп“ на 85 вработени денеска им даде „новогодишна честитка“ во вид на отказ. Тоа е истата „Веибо Груп“ чиј менаџмент и Владата најавија дека инвестицијата ќе тежи 400 милиони долари, а ќе обезбеди 5600 нови работни места.

veibo-grup-donirashe-za-deca-od-rankovce

Компанијата во слободната зона во Ранковце од лани ја следат контроверзи, откако ја замрзна мега инвестицијата. Како причина ја наведоа неможноста за наоѓање на соодветна работна сила за реализација на големите производни таргети за потребите на постојната фабрика во Крива Паланка за задоволување на своите интернационални клиенти, меѓу кои и за „Зара“.

Во фабриката беа вработени 600 лица,а според плановите на инвеститорите од пред повеќе од една година, до јуни годинава требаше да бидат вработени 1000 вработени лица. Наместо тоа, пред Нова Година, вработените ги шокираше веста дека остануваат без работа.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17485

Trending Articles