Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17409

Македонски Чернобил близу Kуманово – дива депонија со арсен го убива Tабановце

$
0
0

Неколку илјади тони јаловина од затворениот рудник за хром и антимон во Лојане, со децении ги труе жителите на кумановското село Табановце и поширокиот регион во северниот дел на државата. Отпадот содржи висока концентрација на арсен и претставува голема опасност за здравјето на луѓето и животната средина, пренесува порталот Сакам да кажам.

lojane-696x464

Дивата депонија се наоѓа на местото на некогашната топилница за руда до железничката станица Табановце, која по затворањето во седумдесетите години на минатиот век останала без никаква заштита и надзор на државните институции.

„Селото Табановце со овој проблем се соочува повеќе од 40 години. Арсен има насекаде. Загадени се подземните води, почвата, а во воздухот се шири непријатна миризба. Покрај депонијата тече река која сиот отров и хемикалии ги носи во селото. 90 отсто од бунарите покрај реката се загадени, но немаме алтернатива ниту можност да влијаеме да се реши проблемот“, вели Тони Петровиќ, претседател на месната заедница Табановце.

Според слободна проценка на жителите, во депонијата има околу 100 камиони отпад во подземната јама и надвор. Порано имало многу повеќе, но со години го разнеле ветровите и поројните дождови. Сите се плашат за здравјето на своите семејства бидејќи високата концентрација на арсен предизвикува рак на кожата, на белите дробови, црниот дроб и лимфните жлезди. Затоа депонијата ја нарекуваат македонски Чернобил.

„Последниве 15-20 години во селото никој не умерел од природна смрт. Сите од рак. Главно се помлади луѓе, а и они постарите ќе починат откако ќе заболат од некоја тешка болест. Кој како ќе се разболи за 2-3 месеци му нема спас. Ако малку подолго престојувате покрај купиштата со арсен веднаш ви се лоши. Доколку кожата дојде во допир со хемикалијата остава плускавци и темни дамки“, додава Петровиќ.

Дека ситуацијата не е наивна се увери и екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК. Просторот каде е складиран опасниот отпад потсетува на пустина, со уништена вегетација, распаднати објекти и неколку угинати птици како од хорор филм. Портокаловата боја преовладува на површината на земјата, а она што не е обоено е сиво и мртво. Присуството на јакиот отров уништило сѐ околу себе. Мирисот на киселината го почувствувавме уште на самото влегување во депонијата, а како се приближувавме до купиштата отпад стануваше сѐ посилен и понеподнослив. По 15-минути осетивме пецкање во носот, а потоа и во грлото. Не треба да сте стручњак и да видите дека природата тука ја изгубила битката со отровниот материјал и човековата негрижа.

Сторијата во целост прочитајте ја тука


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17409

Trending Articles