Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17498

ВМРО-ДПМНЕ плаќа по 278.500 американски долари месечно на три американски лоби-фирми!

$
0
0

ВМРО-ДПМНЕ ангажирале уште една американска компанија за лобирање, пи-ар и поддршка, со која склучиле два договори на суми од 35 и 140 илјади американски долари месечно, па така, заедно со претходните два договори за кои веќе пишувавме, сумата за која моментално се знае дека владејачката партија ја издвојува за американски лоби фирми достигнува 278.500 американски долари месечно!

gruevski444

Новите два договори објавени на сајтот на американското Министерство за правда се со американската пр Компанијата Global Security and Inovative strategies L.L.C. а се за периодот од 1 декември 2015 година до 30 април 2016. На нив како потписник се појавува сегашниот преоден премиер, а тогашeн секретар  на партијата Емил Димитриев.

Според првиот договорот, ВМРО-ДПМНЕ за оваа цел месечно плаќа 35.ооо американски долари, плус трошоци од типот на патувања, административни трошоци и слично.

dogovor

„Компанијата Global Security and Inovative strategies L.L.C. ќе ги советува ќе им извршува консултантски услуги на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер, членови на Собранието и кабинетот на стратегија за односи јавноста. GSIS ќе ги запознава Владата на САД, Европската Унија и други партнерски земји со посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ на отворено владеење, ефективно лидерство и практики на добро управување. Компанијата ќе ги поддржи комуникациските напори на партија и нејзиното раководство, и ќе обезбеди совети за стратешки прашања од значење за лидерството на Република Македонија“, стои во описот на услугите во првиот договор.

Потписник на двата договори е сегашниот преоден премиер, а тогашeн секретар  на партијата Емил Димитриев.

Потписник на двата договори е сегашниот преоден премиер, а тогашeн секретар на партијата Емил Димитриев.

Вториот договор, пак, е на поголема сума, односно на 140 илјади американски долари месечно, плус трошоци, како и во првиот договор.

„GSIS ќе ги советува ќе им извршува консултантски услуги на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер, членови на
Собранието и Кабинетот на севкупниот развој на политики во Македонија. GSIS, исто така, ќе овозможи
совети на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, членови на Парламентот и владата во однос на
тековната бегалската криза во Македонија и како да се развијат креативни стратешки пристапи за управување со тоа во рамки на државата. Ќе се фокусираме врз граничната безбедност и управување, и развој на најдобри практики базирани на стратегии за управување, справување со хуманитарни предизвици и поддршка на политики за управување со границите. GSIS исто така, ќе развие план за борба против насилниот екстремизам и ќе помогне во надгледување на неговото спроведување во Македонија“, стои во вториот договор.

 

8758954904343

Целоснните два договори со оваа консултантска куќа можете да го прочитате на следниот линк.

Претходно, веќе објавивме за други два договори со уште две консултантски куќи кои добиваат – едната 49.500 американски долари месечно, а другата 54.000 долари месечно. Повеќе за тоа на следниот линк.

Како што тогаш објавуваше Алсат-М, ова може да е и одговорот на прашањето како Груевски успеа да оствари средба со потпретседателот на САД, Џо Бајден.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17498

Trending Articles