Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17616

Време е за десороизација на ВМРО-ДПМНЕ                 

$
0
0

Се сложувам во потполност со тоа дека не се опасни оние луѓе кои ништо не прочитале и не знаат ништо, туку многу поопасни се оние кои малку прочитале и имаат малку знаење. Ете со таквите навистина треба да внимаваме и да бидеме претпазливи.

image-0-02-01-391c2db6339f2c7a35841841343efccedef959a67c8482124807e59db3614c8a-V

Со голема вознемиреност ја примив веста дека одговорен за сите наши неуспеси и страдање овие изминати десетина години, одговорен за целокупната промашена политика на сите полиња, за уривањето на меѓународните позиции на државата, за нискиот економски стандард, за сиромаштијата, за рушењето на демократските институции, за девастирање на образованието, за сериозен придонес во развојот на пропагандата и заглупувањето во Република Македонија, бил никој друг туку Џорџ Сорос. Навистина ми олесна кога го дознав виновникот па еве решив и јас да направам еден мал чекор и придонес кон сатанизација на Сорос и соросоидите, но сепак голем чекор кон  ,,ДЕСОРОСОИЗАЦИЈА,, на општеството. Па ако можат сите можам и јас. Искрено незнам од каде да почнам со оваа десоросоизација, дератизација, па како што велат паметните и мудрите рибата смрди од главата, па ајде да почнеме од таму, не од третиот ешалон.

Прво би почнал со десоросоизација на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ. Нека истапат еден чекор напред сите оние членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кои немале никогаш на било каков начин некоја врска со Сорос и Соросовите организации во Република Македонија. Е сега што мислите, дали некој ќе истапи? Ги знам добро. Чест на исклучоци кои ќе истапат напред, ама верувајте скоро сите ќе останат на место. Ако го направиме ова и во Централниот Комитет (ЦК) на ВМРО ДПМНЕ и таму иста слика. Многумина ќе останат на место и ќе молчат од срам. Ако сакате да идеме и до третиот, четвртиот, петиот ешалон, кај сакате, ќе молчат и ќе се срамат. Сите имаа корист од Сорос.

Се извинувам почитувани што на еден ваков комичен начин се обидов да Ви ги претставам работите во врска со оваа пропаганда што се води против Сорос, иако ова не е мој начин и не знам да го правам успешно. Ситуацијата е премногу сериозна и бара од нас сериозен пристап кон вакви работи кои и се случуваат на Република Македонија.

Имено, ова што го кажав во врска со Десоросоизација на ВМРО ДПМНЕ во нивните органи и тела е чиста вистина и треба објективно да им се каже на граѓаните за да знаат. Имено, во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ беше опозициона партија, Сорос и неговите организации дадоа голема поддршка и помош на ВМРО ДПМНЕ во рушење на тогашната Влада на СДСМ. Е сега да ги прашам и тогаш ли Сорос беше претставен како сега. Исто така голема помош имаше и од Фондацијата ,,Конрад Аденауер од каде што исто така упатија силни критики кон политиката на ВМРО ДПМНЕ. Сега да удриме и по Конрад Аденауер. Ама така не се води политика до кога да Ве учиме. Не може сите оние кои ни помагале кога сме биле никој и ништо сега да ни се виновни. Не, Вие сте виновни, и толку.

Почитувани, во оваа патологија, во оваа рапсодија од глупости и пропаганди не верувајте ништо. Се е манипулација, се е лага. Зарем уште сметаат дека толку глупави се Македонците па ќе им продаваат вакви евтини приказни? За жал така го третираат народот. Треба да се каже објективно и вистинито на нашите граѓани дека улогата на Отвореното Општество на Џорџ Сорос, како и на многу други фондации и невладини организации во развојот на Македонската демократија и граѓанство е огромна на секое поле, и од институционален и од финансиски аспект. На сите авторитарни лидери и оние што сакаат да владеат на тој начин, само ним им пречи Сорос и сличните на Сорос. Но не им пречи кога се во опозиција. Тогаш неговите пари ги сакаат, ги сакаат неговите стипендии, се дообразуваат со тие пари и после кога ќе дигнат глава плукаат и затоа не им верувајте. Не им верувајте и на овие пропагандно-шарлатански здруженија кои ги формирале демек ќе се борат со Сорос, пази молим те. Нивните претставници се толку боси па кога ќе излезат на дебатна емисија незнаат да гукнат ништо, смешни се, ама ќе се бореле против Сорос да ја одбранеле Македонија, смешно и жално.

Оваа специјална медиумска војна овде во Македонија што се води против Сорос, од страна на онаа глутница пропагандни и новинарски здруженија морам да кажам дека е наша автентична Македонска глупост. Не е плагијат. Оваа медиумска војна е впрочем еден инстикт, рефлекс, за спас на сопствената кожа, како давеник кога се фаќа за сламка. Имено се работи за тоа како мали Џокица ја замислува меѓународната политика. Е сега пошто Сорос му бил непријател на  Доналд Трамп, и на нас ќе ни биде Сорос непријател што значи дека имаме заеднички непријател со Трамп. Да точно е. Република Македонија и САД имаат заеднички непријател. Трамп во овој случај ќе види дека неговиот непријател е и наш непријател и секако ќе не заштити и ќе не спаси затоа што иста мака си имаме. Од што ќе не спасува е друга работа ама сето ова мора со силен медиумски напад  да се обработи.  Па на сите им дадоа домашна задача да пишуваат и да викаат на сиот глас против Сорос и да го бараат Трамп. Па наеднаш ќе видите дека и ќоро и сакато збори против Сорос. Сите оркестрирано млатат празна слама и врескаат по Трамп да ги спасувал.  Се пуштија од министри, пратеници, новинари, експерти, сите да маваат по Сорос и да бараат спас во Трамп. Една постара женичка ја слушнав во продавница и раскажува на друга за Сорос како тој направил големо зло на Македонија. Мојот дедо, нешто слушнал и ме прашува за Сорос во стилот кој е тој, со што се бави, да не е некој терорист од Ал Каеда што ќе ја нападне Македонија, но што да му кажам немав време да му објаснам, жал ми е, еве нека чита.  Можеби првата официјална посета на Доналд Трамп ќе биде во Велес, кој знае.  Пак забегавме во комедија и не знам дали ова е за смеење или за плачење, но за жал така се води Македонската надворешна и внатрешна политика со години, затоа сме и таму кај што сме, чекајќи некој да не спаси.

Некои партиски лејки со право може да ме прашаат сега колку ми платил Сорос за да го бранам. Но сто пати им кажав дека ме плаќа мојата совест, во спротивно се што ми дал Сорос ќе им го поклонам, еве јавно се обврзувам. Мојот порив и мојата замислена борба е да живееме во горе доле  нормално, ослободено општество од манипулации и пропаганди и пред се во правна држава. Тој сон никој не може да ми го земе. Недозволиво е официјални претставници на власта, макар тоа биле и министри за надворешни работи иако се во оставка, да учествуваат свесно во вакви манипулации и притоа да прават голема штета на Македонските национални интереси. Впрочем, Сорос не гласаше во Република Македонија за промени туку повеќе од 600 000 граѓани на оваа држава јасно и недвосмислено се изјаснија за ПРОМЕНИ. Е тука ни Доналд Трамп не може ништо. Тоа што некој не може да се помири со тој факт е друго прашање, но пред фактите и боговите молчат.

И некако не можам а да не се присетам и да не искоментирам дека овие денови за време на божиќните празници некако се уште мамурни од празниците и медиумски опседнати со главниот виновник и непријател на државата, онака бегло, незабележано помина една величенствена интерпретација на Македонскиот Устав во врска со мандатот за составување на влада. Демек мандатот се давал повторно и повторно на истиот мандатар. Е ова е нешто сериозно, но во друга прилика ќе го разговараме.

М-р Глигор Стоименов


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17616

Trending Articles