Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17409

Стразбур пресуди: Државата да му плати отштета на лустрираниот судија Трендафил Ивановски

$
0
0

Во денешната објавена пресуда на Европскиот суд за човекови права се утврдува дека во случајот на лустрираниот судија Трендафил Ивановски постои повреда на членот 6 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права, пренесе Академик.

trendafil ivanovski

Трендафил Ивановски до Европскиот суд за човекови права се жалел дека лустрациските постапки не биле фер и дека му биле нарушени неговиот углед и достоинство.

Понатаму, Ивановски се жалел дека во постапките немало еднаквост на оружјата, немал доволно време да ги подготви аргументите, како и дека не му бил овозможен пристап до досиејата.

Во однос на наводите на Ивановски, Европскиот суд за човекови права смета дека постоела повреда на членот 6 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права, пресудувајќи дека лустрациските постапки не биле фер и дека му било нарушен угледот и достоинството на Ивановски. Според пресудата, државата на Ивановски треба да му исплати отштета од 5, 350 евра.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17409

Trending Articles