Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Одложено рочиштето за „Поткуп“, следното закажано за 23 февруари

$
0
0

Судијката Дијана Груевска-Илиевска го одложи денешното рочиште за случајот „Поткуп“ бидејќи надлежното јавно обвинителство сè уште не донело одлука по барањето на адвокатите на Зоран Заев за изземање на обвинителот Златко Биковски.

16197002_1739684919679945_2128251522_o-860x680-1

Одлуката за иземање, сепак, треба да ја донесе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, од каде, пак, одбија да одговорат на барањето затоа што не можеле да донесат одлука за изземање во рок од два часа.

Следното рочиште е закажано за 23 февруари.

Обвинителот Владимир Милошевски, поради истечениот мандат во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ беше заменет од неговиот колега и в.д. претседател на ова обвинителство, Златко Биковски. Одбраната на обвинетиот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, побара и Биковски да биде изземен од случајот.

Причините за барањето за изземање ги образложи Заев, кој рече дека постојат сомнежи оти Биковски е дел од организирана група што го користи јавното обвинителство за да монтира судски процеси против него од чисто политички причини.

Мета


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Trending Articles