По повеќе од 2 часа средба со Претседателот Иванов лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека иако го побарал мандатот од него тој рекол дека нема да му го даде доколку не даде потрвда со 61 потпис дека може да формира Влада, пренесе А1он.
Иванов му одговорил дека нема да му го даде затоа што се второ пласирана партија, туку само доколку може да формира Влада.
На прашање дали се прифатливи избори Заев одговори дека на СДСМ највеќе му одговараат нови избори, но бидејќи на Македонија и на другите политички партии не им одговараат избори тоа нема да се случи.
Тој рече дека тоновите од Брисел не се за широка коалиција со сите партии туку што е можно поширока коалиција за постабилна политичка Влада. На прашање дали сепак би прифатил широка коалиција со сите партии, тој рече дека нема да прифати никаква коалиција со лица осомничени од СЈО.