Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Политички потрес каков што не сме виделе

$
0
0

Одлуката на претседателот на републиката да ја прекине демократската процедура според која е почната играта и да ја префрли во Собранието на Македонија е рамно на политички скандал кој државата наглавечки ја фрли во длабочините на кризата.

denko maleski

Сега е скоро извесно дека изборите пропаднаа и дека никој нема да може да формира влада. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не е исклучена од новото собраниско финале на несреќниот изборен процес, партијата, вон од секаква демократска логика и сосема нефер кон другите партии, незаслужено добива втора шанса. Овој пат да го опструира изборниот процес. Сцената е поставена за политички хаос.

Следува лов на пратеници со кои ќе се попречува формирањето на влада, за да се изнудат нови избори. Оној момент кога претседателот се одлучи да ја прекине демократската процедура која налага секоја партија трпеливо да си го чека редот за формирање мнозинство и ја префрли „играта“ во Собранието, тој ги ослободи најниските политички страсти кои ќе ја потресат државата на начин каков што сè уште не сме виделе.

Денко Малески

Извор: Плусинфо


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Trending Articles