Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17416

ДУИ се уште одлучува дали да коалицира со СДСМ

$
0
0
Најголемата партија на албанците во Македонија според партиски извори на Либертас се уште нема конечна одлука за коалиција со СДСМ.
dui
Лидерот Ахмети и претседателството на ДУИ разговара за коалицијата, но конечна одлука немале.
ДУИ со нивите 10 пратеници е клучна за опозициската СДСМ да го има потребното мнозинство за состав на нова влада.
Извори од Мала Речица за Либертас велат дека веројатноста да донесат одлука за коалиција со опозициската коалиција е реална, но им требело уште малку време за конечен одговор на понудата од Зоран Заев да се придружат во нова влада.
Заев според изјавите од Беса и Алијансата ја има подршката од овие две партии со тоа што Беса би гласала за влада предводена од СДСМ но во парламентот би дејствувале како опозиција.
Претходно на лидерот на ВМРО ДПМНЕ не му успеа да договори коалиција за состав на влада со ДУИ. Али Ахмети во интервју откри дека договор не бил постигнат поради различниот став за СЈО.
ДУИ е за продолжување на мандатот, а ВМРО ДПМНЕ од каде има функционери кои се обвинети за злоупотреби, се на ставот дека истото требе да биде укинато.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 17416

Trending Articles