Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

(ВИДЕО) Јанкулоска: СЈО му помага на Заев

$
0
0
Специјалното јавно обвинителство нема кредибилтет за било какви постапки поврзани со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога ним им е потребно да постигнат некоја цел, изјави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која утрово беше повикана на распит во Специјалното јавно обвинителство.
154792
 
„Во периодот на наближување на разрешницата на политичката криза на Зоран Заев му е потребна помош. Секогаш кога на Зоран Заев му е потребна помош тука е Специјалното јавно обвинителство да излезат со нешто што тие ценат дека оди во прилог на опозицијата односно дека ги подобрува позициите на Зоран Заев. На граѓаните на Република Македонија повеќе од јасно им е дека ова е политичка пресметка со неистомислениците на СДСМ, со неистомислениците на Зоран Заев кој неодмна беше и фактички повторно аболициран од СЈО. Без разлика колку пати ќе повикуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ исходот односно впечатокот во јавноста и крајниот исход од постапките во јавноста не може да се смени“, изјави Јанкулоска.
 
Јанкулоска не кажа за кој точно случај била повикана во СЈО, единствено рече дека не станува збор за нова постапка и ги упати новинарите одговои да бараат во СЈО.
 
„Нека ви каже, тој што ве повикал, јас како правник, доселдно го читам законот, некој поинаку го чита законот, постапките се тајни, треба да ви каже оној кој ве повикал овдека“, рече Јанкулоска.
 
Јанкулоска е осомничена во повеќе случаи што ги отвори ова Обвинителство, но досега нема покренато обвинение против нејзе.
 
 извор: 24Вести

Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Trending Articles