Информациите дека Специјалното обвинителство деновиве повикува на распит голем број активисти на ВМРО-ДПМНЕ за да провери дали навистина донирале пари за партијата, како што е наведено во партиските извештаи, ги реактуелизира новинарските истражувања кои укажуваат на сомнителни аспекти во финансирањето на долги години владејачката партија.
Тие истражувања, меѓу другото, открија дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии во Европа, побогата и од ЦДУ на Ангела Меркел, дека поседува повеќе од 90 поединечни имоти, но и дека парите за да ги купи се од донации уплаќани од многу луѓе од еден исти регион, во еден исти ден.