Мајски договор не постои, има мајски разговори, посочи Груевски и повтори дека ако сега ДУИ го наруши принципот победник со победник, треба да се свесни дека нешто што барале и тешко го добиле, не смеат повеќе да го побараат повторно.
-Ако сега се наруши овој принцип, кажав дека тој што ќе дојде во штабот да бара коалиција по овој принцип, ќе го истерам на клоци – рече Груевски.

Груевски предупреди дека ниту градоначалниците на ДУИ нема да добијат повеќе поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и сега стравуваат од локалните избори.
-Со оглед што имаат досега сработено и треба да се плашат – рече Груевски.
Тој откри дека на еврокомесарот Јоханес Хан му соопштил дека најдобро решение се предвремени парламентaрни избори заедно со локалните избори. За изборниот резултат, Груевски ги обвини како што рече медиумите на Сорос кои работеле на уривање на раководството на ВМРО-ДПМНЕ како и странски центри на моќ.
-Јас пред година две предложив мерки да се справиме со медиумите, но не бев поддржан во партијата. На овие избори иако сите викаме дека беа демократски, претходеше година на сериозно влијание од надвор да се влошат позициите на ВМРО-ДПМНЕ, одредени фактори од надвор се правеа да му помогнат на СДСМ. Еден дел е преку медиумите, а друг дел на влијание се вршеше од оџа преку оџа. Сега е модерно кај Албанците да се против ВМРО-ДПМНЕ, тоа е фенси, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва во интервјуто за телевизијата на тајкунот Сеад Кочан