Во долгиот фб статус објавен пред вечерашното тв интервју Груевски директно прозва странски амбасадор кој го срушил од власт, а на Зоран Заев му се “понуди“ ако трабело, како што напишал, да удри по него, да го уапси, но да се откажел, како што напиша, од удирање по темелите на државата.
Ако се изгласа оваа влада, таа ќе биде влада на еден амбасадор. Потоа тој ќе пристапи и судот да биде негов суд. Тој всушност подолго време работи на тоа. Обвинителство веќе си има. Поданици, НВО и платеници во значаен број. Си има и раководства на партии.
Но и тој нема да е вечен амбасадор и тој е со ограничен мандат. Ако некој се огрешил пред законот, но ако навистина се огрешил и има цврсти докази за тоа, треба да одговара. Тоа не треба да се доведе во корелација со ова што го гледаме сега и со одбраната на државата. Некои од западните земји беа подготвени да реагираат на мешањето на Тирана со платформата. Но ни рекоа дека тоа што дел од македонските партии ја прифаќаат платформата, ним им ги врзува рацете. Не може тие да се по патриоти за Република Македонија од нас.
Инаку некои од нив веќе пишуваа реакции до Тирана, но кога видоа дека само ВМРО и коалицијата брани, а СДСМ и сите албански партии прифаќаат се повлекоа.
-Ако албанските партии ја донесат СДСМ на власт, ние сме подготвени да ја поддржуваме како малцинска влада со нашите пратеници доколку се откаже од законот за јазиците, платформата од Тирана и редефинирањето и урнисувањето на државата. Ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси. Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам, ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда – напишал Груевски на фејсбук