Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17402

(ВИДЕО) Заев: Во рака држам 67 потписи, Иванов да го врачи мандатот за нова Влада за граѓаните

$
0
0

„Ова е голем, историски ден за Република Македонија. Во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското Собрание коишто гарантираат можност за нова Влада за граѓаните на Македонија“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска пред влез во вилата на Водно кај претседателот Иванов.

„Истовремено, овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред, во функција на враќање на животот во Македонија.

img_5624

Денеска, очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да отпочнеме преговори за создавање и формирање нова влада за граѓаните на Република Македонија.

Истовремено, ја користам можноста да испратам порака до сите граѓани, но и до институциите на државата, дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија“, рече Заев.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17402

Trending Articles