Додека на улица какофонијата и неверојатната небулозна заблуда за државна опасност се шири бетер од сезонски грип, по првото пролетно сонце во двориштата на градинките излегоа децата да си играат ‘‘ ринге јаја дошо чика Паја’’. Фала богу што не знаат кој е и како изгледа ‘‘ чика Паја‘‘. Така чуле и ајде трчај по тревана. Децата се невини души кои не знаат што е политика и колкав данок во животот ке и платат. Знаете каде е ‘’зајебот’’? Не! Е па додека они се во градинка, нивните родители веќе по улици со транспаренти во раце му плаќаат данок на егзистенција токму кај Чика Паја! Е, јбг !
Anno Domini 2017 terra Macedonia. Толку изманипулиран народ немало ни за време на кампањата не Гебелс во Национал Социјалистичка Германија. На народ (еден дел, не сите) на кој основната политичка едукација му е Илинденското востание и црешовотот топче можеш што сакаш да му пласираш, затоа што тој е охрабрен од податокот дека Бахтијар Паша веќе не постои, па ‘‘ај ке правиме Happy Hour after work ‘‘. По медиумите се пласираат разни манифести ‘‘A la Krushevo ‘‘ ама некако звучат сосема поинаку од она што сме го учеле у школо. Некако се е другачије другови и другарице. А знаете зошто? Затоа што тогаш немало интернет па народот се информирал преку гласници, а денес само удира на дугнето ‘’ENТER‘‘ и има можност да споредува кој е на маса а кој е на каса. Во тој момент се му станува јасно, ама кога станува и го остава лаптопот на маса, приметува дека тој не седел на вистинската маса, туку е на каса! На каса е – народот! Тој плаќа за се! As usual, so! ( како и обично / мк).
Подолу, ‘‘ако грешам нека изгорам‘‘ ( Пепи Бафтировски)
Една врхушка потпомогната од претседател кој се декларира дека е татко на нацијата децидно и како ѓавол од крст бега од СЈО на кој му додава епитет дека е антимакедонски и народ го голта како поп сарма заборавајки дека трите дами кои излагаат во име на СЈО се Ленче македончето, Фатиме ‘‘шиптарката‘‘ а капак на се Претседателка – ВЛАВ! А мори Като, па што те родија влав бре сестро! Чиста анти државна плејада на залутани девојчиња во играта ‘’Ринге ринге јаја’’! Е, сеа прашувале ‘’ кој крадел, кој лажел и кој има вошки‘‘ – е па јбг, за тоа зимаат плата! Тоа што делуваат како антимакедонско здужение на наоштрени кокони кои се многу радознали и бутаат нос и кај што треба и кај што не треба, тоа ке треба историјата да го одговори, ама со една многу голема табела напишана на “EXCELL” и тоа со многу цифри наместо зборови.
Одредени личности ( не сите, чест) забораваат или не се доволно едуцирани дека ВМРО ( историската) е формирана надвор од границите на актуелно зацртаната граница на современа Р. Македонија. Да не речам Бугарија, не сум сигурен, да не погрешам. Баш ке прашам некој историчар. Ако се погоди дека е така, тогаш ке го поставам следното прашање. Ако за албанскиот ентитет треба да се разговара од аспект на грижа за едно етничко ткиво кое живее вон границите на матичната држава, дали состанокот и платформата на албанците ( ах тие Шиптари бреее) треба да бидат разгледани и потпишани некаде на некоја ливада на Шар планина или во полуксузен случај во некое кафанче на бензиска пумпа накај Попова Шапка ( Kodra e Djellit)? Можеби за тоа треба да го прашаме еден од најголемите патриоти кој во медиумите е многу поголем Македонец од сите чесни граѓани Албанци кои редовно плаќаат данок и се лојални кон уставот и законите на Р. Македонија. Ако дојде време Стефан Влахов Мицов мене у оваа земја да ми пишува манифести, јас во најмала рака треба да се самозапалам сред плоштад. Уфф , не! Језиво е! А да направам харикири? Не! Си има церемонија и тоа! Затоа јас решив да си живеам и понатаму и да си пијам ладно пиво во СВОЈАТА земја заедно со СВОИТЕ македонци да си градиме СВОЈА иднина и да ни бида СВОИТЕ ДЕЦА СВОИ! Граѓани на современа , демократска и граѓански ориентирана Р. Македонија. Македонецот е мој човек, а јас знам МАСА македонци кои сметаат дека јас сум НИВЕН! Затоа, мојата одлука и платформа е дека БАРАБАР со секој современ граѓанин на државава ке се тепаме со секој оној што ќе не ‘‘фиромизира‘‘! Ајде да си дадеме шанса! Не ве бендисува идејата? Зашто бре!?
‘‘Шта је мишеви, не допада вам се‘‘? ( простете вие за кои не сметам дека сте мишеви)
Историјата и архивите на Р. Македонија се преполни (постојат артефакти) со двојазичност во документирањето и секојдневната документација на Македонија. За оние на кои им смета албанската азбука да ги потсетам дека таа не е донесена од Тирана туку е формирана 1908 година и тоа “guess where” ( погоди каде) – во Битола. Лажам? Прашањето останува отворено … Што и да кажам, само ке му дадам материјал за ‘’серење‘‘ дека ја сум ултранационалист на такви како Мицов и плејада мега Македонци од кои подобро зборувам македонски не само јас, туку маса македонски албанци. Обаче, нели е верно Бај Стефан Влахов Мицов? Демантирај ме!
П.С.
Децата додека го пишувам ова сеуште си играат по сонцето ‘’Ринге ринге јаја’’ додека ‘‘ чика Паја‘‘ си игра со нивната, мојата, твојата, нивната и судбината на сите нас заедно. Шта зна дете шта су 300 кила! А знаат ли сите оние по улица ‘‘ Бетмени, Спајдермени, Блек Стени, Командант Маркови, Загори и Крале Марка‘‘? Знају, знају, али им ‘‘ не паше истина‘‘. А што им ‘‘ паше‘‘?
Им паше малку мозак! Зашто да имаа, немаше да работат на тоа да ме скараат со комшиите македонци со кои 5 генерации немаме еден лош збор речено. Ни од дедо, татко, јас, мое дете.
Алооооооооооооооооооооо!!!
Агим Јонуз