Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17788

ВИДЕО: Средношколците со сила истерани од часови за Курир да лаже дека одат на протест

$
0
0

На средношколците од “Јосип Броз Тито“ им бело наредено да излезат од училиштето во 15 часот, токму кога пред училиштето ги чекале камери за да ги снимаат дека наводно одат на пртост против двојазичноста, објави А1он.

4455454

Таквата наредба била издадена од директорката, која е и донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Секако, тоа е снимено токму на време од порталот Курир кој излезе со наслов “Средношколците се приклучуваат на маршот “За подобра Македонија“.

Веднаш потоа дел се упатиле дома, а дел ги вратиле назад во училиштето. А1он дојде до снимка на која се слуша разговорот на учениците со снимателите кои ги чекале надвор.

-Не знам да протестираме ни рекоа, против двојазичност, а и сега има двојазичност. Не пуштија од школо само за да се прикаже дека идеме пред Собрание. Нас ни беше кажано, се читаше соопштение во училиште, ни беше кажано да излеземе во 15 часот, тоа не е логично.

Вие сте договориле со директорката да не пуштат од школо а вие да не снимате, разговара еден од средношколците со екипата на Курир.

-Нас досега не ни беше дозволено да излегуваме од часови кога бојкотиравме за екстерно, што не дојдовте тогаш да снимате? Директорката ни кажа да излеземе надвор во 15 часот, а вие дојдовте тука за да не снимате.

Зошто викате дека ќе се менува Устав? Еве Артан Груби излезе и кажа дека нема да се менува Уставот.

-Артан Груби може кажува, ама други викаат дека ќе има менување Устав, ако не сакаш толку тогаш немој да протестираш му возвраќаат на средношколецот.

И други средношколци за А1он посочуваат дека во училиштето се врши пропаганда секој ден, се читале песни за македонскиот јазик, било поставено знаме на покривот на училиштето.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17788

Latest Images

Trending Articles