Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17402

Судијката Михајлова си поднесе оставка во Основниот суд Скопје 1

$
0
0

Судијката Татјана Михајлова денеска поднесе оставка функцијата ве-де претседател на Основниот суд Скопје – 1, објави „Утрински весник“.

tatjana-mihajlova-266x200

Од судот, за „Мета“ ниту ја негираат, ниту ја потврдуваат ваквата инфирмација. Оттаму упатуваат на Судскиот совет, кој е надлежен за избор на судиите и претседателите на судовите.

Засега не се откриваат причините за оставката, која следи откако повеќемина судии поднесоа жалби до Врховниот суд во врска со годишниот распоред кој го изготви Михајлова. Со распоред, судиите без консултација беа прераспоредени на нови работни места. Неодамна на седуммина од осумте судии, Врховниот суд им ги прифати жалбите, по што ќе биде потребно да се направи нов годишен распоред на судиите.

Михајлова, на почетокот на декември минатата година, по истекот на мандатот на тогашниот претседател Владимир Панчевски, беше избрана од Судскиот совет за в.д. претседател на кривичниот суд.

Инаку Михајлова го суди и предметот на СЈО за насилството во Центар од јуни 2013 година, во кој првообвинет е и понакршениот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Мета


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17402

Trending Articles