Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17560

Како Петар ќе ја казни Катица –или кога правниците не читаат закони!

$
0
0

Советот на јавни обвинители вчера одлучил дека обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле Етичкиот кодекс на јавните обвинители во судница по кавгата со судијката Татјана Михајлова и затоа „препорачува“ друг обвинител да го застапува предметот против Никола Груевски за насилството пред општина Центар.

Ова денеска го соопшти Петар Аневски, еден од илјадниците правници во земјава, јавен обвинител, а во моментов со незаконита функција претседател на Советот на јавни обвинители.

Но, Аневски не соопшти како дошле до оваа одлука и како планираат да ја спроведат истата.

Затоа, ајде да си играме со неколку правни прашања, за кои, Перо, правник по вокација, со 2 години до пензија, би требало да ги знае, да спроведе процедура и да го каже тоа што (не) го кажа денеска, пишува Сведок.

Во земјава постои Закон за јавно обвинителство. или, да речеме, закон за обвинителството на Марко Зврлевски. Постои и специјален закон за Специјалното јавно обвинителство, или обвинителството на Катица Јанева. Постои и закон за Совет на јавни обвинители, на чие чело е Петар Аневски, кој планира да седи таму до пензионирање (има уште две години, рековме, нели). И постои еден Деловник на Советот на јавни обвинители кој ја пропишува процедурата.

Па, на вчерашниот состанок, Перо, и другарите му од Советот, кога утврдувале одговорност, пред себе морале да ги имаат овие три закони и Деловникот.

Но, да видиме дали ги примениле и како?!

Прво, Деловникот на Советот на обвинители последен пат бил изменет во 2011 година, ама во него, нема ни зборче за СЈО! Од оној септември кога се состануваше Советот на полноќ за да ја избере Катица Јанева, поминати се година и половина, но ни Петар ни другарите му од Советот не се сетиле да го изменат Деловникот и внатре да пропишат процедура за СЈО, за Катица јанева и обвинителите во ова обвинителство.

Законот им дал некаква надлежност, ама процедурата ја заборавиле. Па, од тука, Советот води постапка за нешто што не си го пропишал во Деловникот.

Ако го земеме оној законот за обвинителството на Марко, таму пишува дека се формира Комисија што го утврдува дисциплинскиот прекршок, а обвинителот доколку не е задоволен се жали до Советот.

И, што да прават сега Катица и Фатиме? На кого да му се пожалат што Советот одлучил дека тие го прекршиле Етичкиот кодекс?

Сигурно не на Марко? Кај Марко може да се жали само Перо, зашто другите обвинители на Марко добиле зголемување на плата од 20 проценти, но Советот бил заборавен. Па, можеби затоа, Петар со плата од 82.000 денари мора да бара кредит за да го зајакне семејниот буџет.

А, кога сме кај Марко, за него, во законот за Обвинителството на Катица пишува дека Зврлевски не смее да има никаква допирна точка, ни со предмети, ни со докази, ниту да бара извештаи.

Но, Марко да не заборавиме, е член на Советот на јавни обвинители и тој вчера си бил на седницата, си дискутирал, си имал свој став?!

Ова, не е спротивно на законот? – Па, да, мора да е, но Перо на тоа веројатно не се сетил. Можеби ќе се сети кога би добил 20 проценти зголемување на плата дека требало да го исклучат Марко од седницата, но и да предвидат во Деловникот што се смее да знае Марко за работата на Катица.

Така налага законот, не мислам јас така, но Аневски, ете ништо не кажа зошто не се сетиле на овој детаљ.

И доаѓаме до нај интересниот дел, „препораката“ на Аневски за смена на Фатиме Фетаи од предметот против Никола Груевски. Замислете, незгодна ситуација, кога ВМРО ДПМНЕ е толку против „платформата“ да имаш обвинител Албанец против тебе, па уште и жена (помина 8 март, може малку машки шовинизам, нели) не е сеедно. Сигурно Перо затоа сакал да му учини на Груевски и да му ја тргне Фатиме пред утрешното судење, но препораката на Аневски е како прогнозата на метеоролзите дека можеби ќе врне! Но, дали некој ќе носи чадор или не е индивидуално. Па, од тука, препораката за Катица ниту важи, ниту пак Советот има надлежност да донесе решение со кое би ја тргнал Фатиме од предметот!

Па, сигурно се прашувате, што ќе им бил овој театар? Е, тоа, де? Што ќе им е, кога во ситуација „село гори баба се чешла“ Аневски и советниците за плата од 82.000 денари треба да се пењават за вака „значајни“ правни прашања наместо да сработат нешто за што треба да се платени.

Од тука, да сублимираме:

Вчера, советот на јавни обвинители непотребно потрошил часови дискутирајќи за одговорноста на Катица и Фатиме, ја гледал снимката што судот широкоградо има ја доставил, а што не ја испратил до СЈО иако е должен по закон, не го исклучиле Марко од седницата, не може да покрене постапка против Фатиме ниту да донесе решение за нејзино отстранување од предметот, не формирал Комисија на чие решение би се жалела Катица и на крајот: Советот се ставил во улога на суд, одлучил пред да одлучи и Кривичниот совет по жалбата за казната, но ја заборавил постапката, ја повредил, за што, не се одговара по Кодексот, како етичка повреда, туку кривично, опфатено во делото „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Едноставно, нели? да, ама некој треба да ги прочита трите закони и Деловникот. И да не си припишува овластувања што ги нема! А тие што ги има, да не ги злоупотребува, бидејќи е казниво. А времето е скапоцено за да се троши за џабе, како што прави Советот на јавни обвинители!

 извор: Сведок

Viewing all articles
Browse latest Browse all 17560

Trending Articles