Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, гостуваше во вестите на Канал 5 телевизија.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за телвизија Канал 5 изјави дека пратеникот Талат Џафери е еден од посериозните кандидати за претседател на Собранието. Тој ги повика на дуел претседателот Ѓорге Иванов и премиерот, Никола Груевски заедно на дуел, за граѓаните да оценат кој е во право.
„Ставот е јасен, тоа е државен удар да се спречи формирање на влада, но сакаме по мирен пат да ги движиме работите. Постои ветување на албанските партии преточено во декларација за појдовни точки за преговори за влада. Тоа беше поставено пред Груевски, а сега и со СДСМ. Ние објавивме програма на Влада и веќе нема партиски програми и декларации. Како би било јас да кажам дека Груевски е во Тиранска влада, нема да биде чесно. Затоа го повикувам на дуел заедно со Иванов за да ги разјасниме овие работи пред народот“, рече Заев.