Откако не се договорија за владиниот предлог, опозицијата најави свое законско решение за статусот и судбината на Специјалното јавно обвинителство. Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека едвај чека да го види предлогот, но и дека нема да го прифати ако тој значи амнестирање на криминалот на претходната власт. И додека на маса се чека нов предлог, стариот е привремено во фиока, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја толкува актуелната понуда како обид на власта да им ја забрани партијата, пишува „360 Степени“.
Последна во низата изјави со кои се сугерира тоа дојде од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ „Канал 5“.
Што вели кривичниот законик?
Забраната за вршење дејност, вклучувајќи ги и политичките партии, е регулирана во Кривичниот законик. Во член 96 в, став 9, пишува:
„Казната привремена или трајна забрана за вршење одделна дејност и престанок на правното лице не може да се изрече на правно лице основано со закон, како и на политичка партија.“
Поедноставено, кривичниот законик изречно забранува престанок на постоење или забрана за вршење на дејност за политичка партија. Тоа би значело дека иако со обвиненијата на СЈО во предметот „Талир“ се гони и правното лице ВМРО-ДПМНЕ, судовите не може да изречат казна со која би било забрането постоењето на оваа политичка партија – ниту привремено ниту трајно.
Повеќе на „360 Степени“ на следниот линк.