Лидерската четворка, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, го договорија комплетирањето на ДИК.
Покрај партиските членови како експерти во ДИК ќе бидат Александар Чичаковси, Атанас Урумов и Реџеп Прекопуца,информира 24 Вести повикувајќи се на партиски извори. Од нив ќе треба да се избере и претседател, како и заменик претседател.
Во новата ДИК ќе се избира и генерален секретар. Според извори во преговорите било договорено да се запазат меѓународните стандарди за членови со најдобри квалификации.
Од утре продлжуваат преговорите за реформите во медиумската сфера.