Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ:
За Македонија да тргне напред потребни се слободни, фер, кристално чисти демократски избори.
На 24 април такви избори не може да има.
СДСМ, коалициските партнери и многу други партии нема да учествуваат на еднострано закажаните избори на 24-ти април.
Договорот во Пржино беше склучен да се надмине политичката криза а не да се продлабочи.
Сега секој граѓанин на Македонија лично се увери дека Никола Груевски не сака слободни и фер демократски избори затоа што знае дека ќе ги изгуби.
Тоа се вистинските причини поради коишто Никола Груевски не сака прочистен Избирачки список и слободни медиуми.
Ние, заедно со граѓаните сме во одбрана на уставниот поредок и демократските принципи на коишто почива независноста на Република Македонија.
Основниот, елементрен демократски принцип е еден човек еден глас.
Не фантомски гласачи, туку вистински. Не фантомска волја туку слободно изразена волја на граѓаните.
Без почитување на овој принцпип нарушена е суштинската смисла на демократијата на којашто се поставени темелите на современа Република Македонија.
СДСМ, коалициските партнери од оваа борба нема да отстапат. Без прочистен избирачки список и без слободни медиуми нема фер и демократски избори.
Драго ми е што и другите опозициони партии во државата силно се борат за фер и демократски избори.
Драго ми е што и многу активни граѓански организации се борат за истите вредности.
Ова е борба за спас на Македонија и во неа заедно ќе победиме.
По изборите, новата влада предводена од СДСМ заедно со граѓаните ќе обезбеди стабилна, сигурна Македонија која ќе продолжи по патот на европските интеграции и ќе биде пример за успешно решавање на предизвиците коишто моментално се исправени пред нашата земја.