Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17335

Дали Заев ќе му се „заблагодари“ на Ахмети?

$
0
0

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

Едноставно е, законот за јавно обвинителство мора да се донесе. Опструкцијата на овој процес ја прави ВМРО-ДПМНЕ. Министерството за правда ги инкорпорира практично сите амандмани и забелешки на законот што дојдоа од Груевски, пардон, од Мицкоски и неговиот тим. Но, процесот повторно запна. Сега, ВМРО-ДПМНЕ има проблем со своите сопствени амандмани, па сега и нив ги оспорува. Ова наликува на деновите кога оваа партија вложи максимални напори да го осуети формирањето на вистински независна Антикорупциска комисија, а претходно и на други закони.

Класика! Голем дел од политиката на оваа земја се води само и само за да се заштитат криминалците во неа. Така и сега, Мицкоски измислува слабости на предлог законот за обвинителство, не признавајќи дека тоа се, всушност, нивните барања, прифатени од СДСМ. Откако Катица Јанева поднесе оставка, нивна мета е Вилма Рускоска, иако тие, како ни било која друга партија, немаат простор да поставуваат обвинители. Може да имаат преференци, како Панчевски за Мицкоски, но не и можност за поставување. Помина Сваровски ерата.

Кога Филип Рикер, помошник државен секретар на САД, ќе рече дека „времето на политички игри е поминато“, време е да се замислат ликовите во шампитата со смешниот израсток (стражарница) и оној во Будимпешта. Гејм овер! Или не?

Веројатно, сѐ уште не, бидејќи, кога ВМРО-ДПМНЕ е пикнато во ќош, проработува црвениот телефон на линија Шампита – Мала Речица (ДУИ). Сега и ДУИ поставува нови услови со кои го закочува процесот на носење на законот за обвинителство. Одеднаш, се бара двојно гласање, според Бадентер. Па, Талат Џафери калкулира со закажување датум за седница на Собранието по ова прашање. Како и со гласањето околу имунитетот на Трајко Велјаноски кој, да не беше ДУИ, сега веројатно ќе беше во далеку понепријатна „летна шема“. И многу други такви и слични прилики…

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17335

Trending Articles