Постигнат е договор за неколку важни историски прашања меѓу Скопје и Атина се пофали за грчки Етнос Претседателот на Грчката Комисија за учебници Спиридон Сефета . Изнесувајќи го низ неколку точки досега договореното со македонската преговарачка страна за Етнос тој наведува:
Беше прифатено по дводневната битка во Скопје дека како Словени немаат никаква врска со Античките Македонци, дека античката македонска историја и култура се дел од античката грчка култура што имала влијание врз светската култура. Сепак тој додава дека Грчкиот комитет не гледа негативно на предлогот на македонската страна да се земе предвид дека дел од денешна Северна Македонија припаѓа на историска Македонија од антиката.
Сефта во Етнос исто така и додава:
„За византискиот период прифатија дека Словените не го земале името Македонци од античките Македонци, и дека термините Македонци и Словени не биле идентични во средниот век.“
Според Сефета за грчката страна не е спорно во нивните учебници повеќе да се изучува за балканските народи што било барање пак на македонската страна. ТВ 24 се обиде да стапи во контакт и со претседателот на Македонската комисија Виктор Габер но не успеавме да го добиеме.
Во меѓувреме пак остануваат недореченостите околу историските прашања со Бугарија особено за ликот и делото на револуционерот Гоце Делчев. Бугарските медиуми денеска пак со толкувања дека Македонија го одбила барањето на Бугарија за вонредна средба на двете комисии за историски и образовни прашања откако Претседателот на македонската Комисија Драги Ѓорѓиев во последните изјави за медиумите посочи дека не гледа причина за вонредна средба сега за време на одморите но и дека ваквите покани од бугарска страна ги гледа како двобој.
Преговорите меѓу двете комисии ќе продолжат по одморите на 12 ти и 13 ти септември. На средбата во Скопје со премиерот Заев пак бугарскиот премиер Борисов порача оти до октомври комисиите мора да најдат решение за револуционерот Гоце Делчев што кај дел од домашната јавност беше протолкувано како притисок но и условување на земјата за нејзините евроинтегративни процеси.