Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17360

Славчо Поповски: КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ –судирот на двете возушни маси започнува –НЕВРЕМЕТО доаѓа во Македонија

$
0
0

Оваа вечер и ноќ нашата територија ќе биде под влијание на судир на двете воздушни маси (многу посвежата од север и значително потоплата од југ). Во ваква ситуација на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално поради големата енергија во атмосферата ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, олуен ветер и појава на град кој локално има услови истиот да биде од поголема величина (покрупен). Во текот на оваа ноќ температурите на воздухот ќе бидат во значителен пад и тоа поради продорот на многу посвежата воздушна маса од север, истите ќе бележат тенденција на пад дури и за повеќе од 10 степени и веќе во текот на утрешниот ден ќе биде многу посвежо и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 24 до 33 степени.

Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено на некои места и засилен ветер од северен и од северозападен правец.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на НЕВРЕМЕ и на силни електрични празнења граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, исто така во случај на олуен ветер да се избегнува паркирање на автомобилите во близина на дрвја.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17360

Trending Articles