Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17349

Јанева се заканила на обвинителите во СЈО: Ако не ме браните ќе измислам работи за вас

$
0
0

Атмосферата во СЈО која изминативе денови била тензична кулуминирала денеска кога шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева наредила обвинителите да бидат проверувани кога влегуваат и излегуваат од зградата на Специјалното јавно обвинителство.

Наредбата од Јанева за проверка на личните работи на обвинителите стигнала непосредно откако во СЈО била доставена поканата од Обвинителството за организиран криминал до Јанева да даде исказ за „Рекет“ велат обвинители од СЈО за НОВА.

„Примањето на поканата си го направи своето и Јанева си дозволи да нареди сите обвинители да бидат претресувани на влез во СЈО“ коментираше за НОВА обвинител во СЈО.

Истите извори од СЈО велат дека тензиите започнале уште во понеделникот, кога Јанева по враќањето од одмор свикала колегиум на обвинителите. На овој состанок, Јанева им се заканила на присутните дека „ако не ме браните, ќе пропаднете сите со мене“. Еден обвинител кој присуствувал на состанокот за НОВА вели дека Јанева цели три часа колку што траел состанокот, се обидувала да ги убеди дека во случајот „Рекет“ таа е злоупотребена и поради тоа колегите треба да ја поддржат.

Но состанокот завршил со расправија кога еден од обвинителите искоментирал дека Јанева ја изневерила довербата на граѓаните со постапките кои ги направила и дека треба да жали поради тоа. По ова шефицата на СЈО на висок тон се заканила дека сите ќе добијат откази.

-Ако пропаднам јас, ќе пропаднете и вие. Ако треба ќе измислам и работи за вас, рекла Јанева, тврди обвинител.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17349

Trending Articles