Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, и шефицата на јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, на денешната прес-конференција соопштија:
Проширена е истрагата за случајот „Рекет“, Катица Јанева е осомничена за сторено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластувања;
Oбвинителството бара на Јанева да и се определи мерката притвор;
нема барање за приведување политичари ниту за претрес во домови на политичари;
Еден од фокусите на истрагата е да открие каде се 1,5 милиони евра што Бојан Јовановски и Зоран Милевски ги земаат од Јордан Камчев и членови на неговото семејство (од побарани вкупно 8 милиони вра);
Боки 13 и купил мебел на Јанева во вредност од 298.000 денари или околу 5.000 евра;
Нема ниту една индиција дека парите завршиле кај домашни или странски политичари;
Јанева, при непроменети околности, се согласила со укинување на мерката затворски притвор за Јордан Камчев и нејзина замена со куќен притвор, а подоцна и со враќање на одземениот пасош;
Јанева прифатила на осомничениот Камчев да му се даде статус на заштитен сведок, случајот „Империја“ да се затвори со спогодба, која ќе исклучи затворска казна, а ќе предвиди само незначителна отштета за државата.