Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 18205

ВИДЕО: Пожарот се симна до автопатот Скопје – Велес, сообраќајот пренасочен

$
0
0

Пожарот што избувна во близина на Велешкото езеро Младост се симна до автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат езеро Младост кон Велес, соопштија од АМСМ. Силниот ветер го прошири пожарот на голема површина, кон два правца, кон велешкото езеро и кон селото Отовица, каде во опасност биле првите куќи, односно оние што се блиску до железничката пруга. Пожарникарите успеале првично да го локализираат пожарот, но истиот брзо се проширил поради ветрот, објави Телма.

Во гасењето ангажирани се 50 вработени од армијата, еден армиски хеликоптер и два авиони од дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, на помош се пратени и пожарникари од неготино и кавадарци. Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 18205

Trending Articles