Со специјалната полициски единици Алфа од денеска раководи Примислав Димовски, објави НОВА. Димовски на оваа функција доаѓа од редовите на специјалната полициска единица “Тигар” во чии редови беше за време на конфликтот во 2001 а учествуваше и во полициската операција во Куманово во мај минатата година. Димовски на јавноста и е познат и како неколкукратен првак на Македонија во бокс а го освои и петто место на Светското првенство во бокс во супертешка категорија.
Примислав Димовски доаѓа на местото на Ивица Антевски – Пуки познат од “бомбите” како актер во апсењето на Љубе Бошковски пред ресторанот “Воденица”
Полициската единица Алфи e задолжена за интервенции во урбани средини за спречување на тешки облици на криминал.