Работните групи на власта и опозицијата вечерва се сретнаа во Собранието за предлог-законот за ЈО.
Опозицијата не сакаше да коментира дали вечерва се приближани ставовите, кратко ни одговорија дека постигнале како што велат тие „џенталменски договор“.
Минисерката за правда Рената Дескоска рече дека нема приближување на ставовите во врска со предметите од СЈО отворени по рокот, како и продолжувањето со работа на сегашните обвинители од СЈО во ЈО.
За овој закон беа доставени 51 амандман од кои 10 беа усвоени во четвртокот на првиот ден од дебатата на Комисијата за европски прашања.
Извор: тв21