Катица Јанева во текот на вчерашниот ден по службен пат од истражниот затвор – Скопје испратила писмено известување и до Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески со кое го известува дека ги овластила обвинителите на СЈО да му ги предадат сите предмети заедно со целокупната документација и доказите во нив, на негово понатамошно постапување, дознава Либертас.
Претходно, преку службите на истражниот затвор – Скопје, Катица Јанева доставила писмено известување и овластување на нејзините помошници, заменици во СЈО, во рок од три дена сметано од денеска, сите предмети од СЈО да се предадат на републичкиот јавен обвинител Јовески.