Александар Василевски – Нинџа, кој доби осум години затвор за упадот во Собранието на 27. април 2017 година, реагира на настапот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во петочното, дебатно издание на емисијата „360 степени“.
Image may be NSFW.
Clik here to view.
Во гостувањето, Мицкоски правејќи паралела меѓу „Рекет“ и настаните од 27. април, кажа дека обвинителката Вилма Русковска успеала да внесе во затвор обвинети за „крвавиот четврток“ врз основа на еден исказ.
И покрај забелешките на водителот Васко Попетревски дека јавно соопштените информации говорат оти Русковска освен исказот имала и други докази, Мицкоски не отстапи од тезата.
„Исказот на едно лице за случајот 27. април, неправедно внесе во затворска казна луѓе кој што се осудени на 18, 15, 12 години, затоа што истите тие лица таму се наоѓаат поради исказ на само едно лице, без ниту еден доказ“, кажа Мицкоски, кој на новинарско прашање потврди дека мисли на Нинџа.
Реакцијата можете да ја прочитате на порталот на „360 Степени“ на следниот линк.