Со директна помош и впрегнување на сите сили на Основниот суд Скопје 1, на експремиерот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му застарува кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ во случајот „Траекторија“ Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за кое казната е до три години затвор, јави „Сакам да кажам.мк“.
САКАМДАКАЖАМ.МК присуствуваше на сите судски рочишта за „Траекторија“ на СЈО, за изградбата на кинеските автопати, и сумираше како девет месеци тоа судење никако не почнуваше. Обвинението беше поднесено на 30 јуни 2017, а воведните зборови обвинителката Лиле Стефанова, поради блокадите што ги дозволуваше судијата, ги даде дури на први март.
Вакви примери да не се дозволи 9 месеци да почне судење за организиран криминал, при обвинение во кое се тврди дека обвинетите ја оштетиле државата за 155 милиони евра, не само што не се забележани, туку и не се дозволени во земјите со владеење на правото, велат судии. Претседател на Основниот суд Скопје 1 во тој период беше врховниот судија Стојанче Рибарев.
Груевски е обвинет дека како нивни претпоставен, влијаел врз тројцата да го извршат кривичното дело, за тој и партијата ВМРО-ДПМНЕ која беше на власт да ќарат политички поени.
По одобрување на обвинителниот акт закажани беа неколку рочишта и тука се виде однесувањето на Основниот суд Скопје 1 кон обвинетите и блокирањето на секој можен начин на застапникот на обвинението.
Тактиката на Груевски и тука се покажа успешна. Тој ќе се спаси, но на неговите соработници делата им застаруваат дури во 2023 година, пишува порталот.
За повеќе факти од судењата и како се одолговлекуваа, прочитајте на СДК на следниот линк.