Во разговор со Вашингтон Пост, Трајче Арсов зборувајќи во име на својот брат Пане Арсов ќе сподели дека се сеќава кога брат му го прашал дали да ја купи таа конкретна фејсбук страница. Му звучела познато и се присетил дека го познава сопственикот на Ветераните за Трамп. Тоа не се истите администратори од кои тие ја преземаат страницата, туку првиот сопственик на страницата пред ветераните и пред Арсови. Човекот е конзервативецот Томас Дилингам, поранешен маринец, а во времето кога страницата е негова, истата се вика Томас Дилингам, ветеран за Трамп. Потоа во 2015 година тој им ја продава страницата на другите двајца ветерани од кои што Арсов ја презема.

Тие полека ја билдаат популарноста на страницата и прават добра работа. Следната година, Дилингам работи како консултант за онлајн маркетинг, а клиент му е, како што самиот вели, и USApoliticstoday.com, веб страницата на Трајче Арсов и првата и најмоќна страница од серијата креирани во 2016 во Велес каде што се ширеа дезинфорамции за опонентите на Трамп.

Сагата со фејсбук групата  (Vets for Trump) e студиски случај за тоа како дезинформаците и политичкиот активизам можат да се помешаат и како линијата помеѓу домашната и странската пропаганда може да се помати во онлајн светот каде што профилите на социјалните мрежи можат да бидат купувани, продавани, дури и хакнати.  Борбата со дезинформациите би можела да стане уште потешка пред изборите бидејќи Фејсбук ги проширува своите приватни „групи“, кои се помалку транспарентни од „страниците“, како што се Ветс за Трамп. “Вашингтон Пост” пишува за опасноста која следи на следните претседателски избори во 2020,” пишува во сторијата.

Целиот текст на Вашингтон Пост прочитајте го на овој линк.