Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17551

Катица Јанева утре ќе дава исказ пред Русковска

$
0
0

Третоосомничената во случајот „Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, утре во 12 часот ќе дава исказ пред обвинителката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Јанева минатиот вторник беше однесена на распит, но тогаш се бранела со молчење во очекување најпрвин да ги види доказите кои ги има обезбедено обвинителството.

Таа два дена подоцна повторно беше донесена во зградата на Обвинителството каде три часа вршеше увид во доказите.

На Јанева веќе и беше врачено известувањето за завршување на истражната постапка.

– Сметам дека е прекршено правото со тоа што не ѝ е овозможено да даде исказ пред завршување на истрагата, истакна минатата недела нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.

Апелацискиот суд пред два дена одлучи дека Јанева останува во привор во КПУ Затвор Скопје.

Од Апелација за МИА информираа дека е одлучено да се укине втората точка од решението за притвор – влијание врз истрагата, по добиеното известување од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дека истрагата е завршена. Сепак, судиите оцениле дека се уште постои ризик за бегство и ја одби жалбата поднесена од адвокатите на Јанева.

Одбраната бараше да и биде изречена поблага мерка бидејќи, според нив, веќе не постојат основите по кои и беше изречен притвор, а како гаранција беше понуден движен и недвижен имот.

Апелација одлучуваше по жалбата откако претходно беше одбиена од Кривичниот суд.

Катица Јанева е во притвор од 21 август. Покрај неа, во „Рекет“ е осомничен и Бојан Јовановски – Боки 13 кој исто така е во притвор, како и Зоран Милески Кичеец, кој е во домашен притвор.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17551

Trending Articles