Вечерва македонската јавност беше сведок на дното на македонското новинарство и македонските медиуми. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев за прв пат беше гостин во вестите на Сител – телевизијата предводник на владината пропаганда, кај главниот уредник, Драган Павловиќ – Латас.
Сепак, тоа што беше најавено како интервју воопшто не личеше на интервју, па ниту на дуел, бидејќи Латас воопшто не го остави гостинот да одговори на прашањата, кои всушност и не беа прашања. Латас дури си дозволи и да го навредува Заев со зборови како „изрод“, а во меѓувреме успеа да навреди и цел еден народ кога му се обрати на Заев со зборовите „лажеш како Турчин!“.
Во продолжение погледнете го гостувањето.