Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17530

Тимоние: Останува една недела, Париз будно ги следи настаните во Скопје

$
0
0

Франција, како и другите членки на ЕУ, гледа на приближувањето на земјите кон Унијата од регионален аспект. Во тој регионален контекст јасно е дека има разлики меѓу земјите. И постои еден општ проблем, а тоа е проблемот со правната држава, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Париз во однос на проширувањето на ЕУ.

– Важно е да се направи споредба и да се соочат мислењата на сите држави членки во врска со оваа проблематика и да се направи чекор напред, бидејќи посакуваме целиот регион да направи чекор напред и тоа ќе претставува вистинска европска интеграција. Може да речеме дека засега разговорите се во тек – рече Тимоние.

Најнапред, додаде францускиот амбасадор, треба да ги знаеме мислењата на сите партнери.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17530

Trending Articles