Во Кривичниот суд во Скопје на распит е донесен градоначалникот на Пустец Едмунд Темелко, објави Вест.
Темелко бил приведен рано утрово во Ресен на барање на Специјалното обвинителство кое го сомничи за изборни манипулации. Обвинителството побарало итно приведување на Темелко поради тоа што тој има и македонско и албанско државјанство и постои ризик да ја напушти државава.
Пред Кривичниот суд неговите адвокати Никола Додевски, Ставре Џиков и Димитар Данков изјавија дека за приведувањето на нивниот клиент дознале од медиумите и дека не биле известени од Специјалното обвинителство.