Европското издание на угледниот „Политико“, известувајќи за вчерашниот неуспех на Советот за општи работи на ЕУ третпат во 16 месеци да стигне до одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија, наведува дека „Франција ќе се помести само кога ќе биде јасно што може да добие за возврат на друга тема“, пренесува „360 Степени“.
За ова свое тврдење „Политико“ се повикува на двајца неименувани дипломати. Тие изјавиле дека Франција била единствена држава што вчера се противела на одлука за почеток на преговори со Северна Македонија.
Повеќе на „360 Степени“ на следниот линк.