Quantcast
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17458

Француската министерка Моншалан објаснува што се случило вчера: Сакам да биде јасно дека никој не кажа „не“

Министерката за европски прашања на Франција, Амели де Моншалан, во изјава по вчерашната средба на Советот за општи работи на ЕУ тврди дека Франција не ставила вето на предлогот за отпочнување на пристапните преговори со С. Македонија и со Албанија, пренесува „360 Степени“.

Image may be NSFW.
Clik here to view.

„Сакам да биде јасно дека никој не кажа „не“. Позицијата на Франција е дека постои европска перспектива. Потребно е да го реформираме процесот на преговори со цел тој да биде попримамлив за граѓаните. Тоа не треба да биде тунел во кој зборуваме само за правни прашања, а граѓаните нема да видат никакви промени на економски, социјален и културен план. Франција не бара ништо ново, Франција не вели „не“, вели Моншалан.

Во обид да го оправда ставот на Франција, Моншалан вели дека не била осамена туку дека за реформата на преговорите добила поддршка и од другите земји-членки.

„Има земји што се подготвени да дадат зелено светло само за една земја. Има земји што се противат на раздвојување. Имавме дискусија, тоа не беше дискусија 25 земји против 2 или 26 земји против 1. Тоа беше прилично комплексна дискусија за приоритетите на едните и на другите. Едно е сигурно, постои едногласност за европската перспектива“, вели Моншалан.

Во изјавата таа вели дека Франција и Холандија вчера побарале реформата на СЈО „да оди до крај“.

„Не е постигнат консензус не затоа што сме против туку различно и приоѓаме на темата. Затоа мислам дека оваа дискусија во следните месеци или недели може да доведе до многу поконкретни работи. Во овој момент за Франција е важен кредибилитетот на европската порака. Кога одредуваме критериуми, треба да се увериме дека тие се почитуваат. Ништо повеќе и ништо помалку. Не постои никаков анимозитет ниту агресивност. Тоа беше срдечна дискусија. Ние и Холандија гледаме дека биле побарани реформи, кои уште не се завршени. За С. Македонија тоа се сите чекори кои треба да се преземат околу специјалното јавно обвинителство. Пред некој ден разговарав со македонските министри. Оваа реформа треба да оди до крај. Денес тоа не е случај. Тоа не значи дека Франција е одлучно против. Но, оваа реформа мора да оди до крај. Кога ќе се случи тоа, ќе мислиме за почеток на преговори“, изјави Моншалан.

Таа потврдува дека ова не е конечната одлука и дека се зависи од ставот што ќе го заземат лидерите на земјите-членки на средбата во Брисел в четврток и петок.

„Дискусијата ќе продолжи меѓу лидерите на земјите. Мислам дека потоа Советот ќе треба да се состане. Или лидерите на земјите и премиерите ќе се договорат или ќе дадат инструкции на Советот за општи работи“, рече Моншалан .

Видеото од нејзината изјава можете да го погледнете на „360 Степени“ на следниот линк.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17458

Trending Articles