Еврокомесарот Јоханес Хан денеска на прес-конференција се обрати на македонската јавност за пристапните преговори за ЕУ.
– Секогаш е чест да се сретнам со Заев и со неговите колеги. Сакаме заедно да славиме и мора да се погрижиме Северна Македонија која донесе многу тешки одлуки да оди напред, вели Хан.
Додава дека потребни се мерки за младите да не заминуваат од Северна Македонија.
– Се надевам дека ЕУ ќе ги цени сите мерки и напредокот кој го постигнавте. Не бараме ништо повеќе од зелено светло, вели Хан.
Еврокомесарот вели сите напори кои ги направила Северна Македонија треба да се почитуваат и да се земат предвид за почеток на преговорите.
– Бараме од лидерите да најдат начин да се даде зелено светло за процес кој го загубивме пред неколку години, мора да работиме и понатаму на методологијата. Никој нее совршен, но мора да работиме и на реформите во иднина, вели Хан.
Хан се надева на позитивен исход до крајот на денот или утре.