Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17505

„Политико“: Макрон ја исклучи Албанија, но не и С.Македонија

$
0
0

Угледниот „Политико“ по втор пат во два дена пишува за шансите на С.Македонија да добие позитивна одлука од ЕУ за отпочнување на пристапните преговори, пренесе „360 Степени“.

Вечерва, толкувајќи го речникот на францускиот претседател Макрон во текот на прес-конференцијата со германската канцеларка Меркел, „Политико“ во поднасловот на текстот „Макрон бара реформа на „бизарниот“ систем за европските надежи“ заклучува дека „лидерот на Франција ја исклучил можноста за пристапни преговори со Албанија, но се чини дека остава зрак светлина за Северна Македонија“.

Според „Политико“ во својата изјава во Тулуз, Макрон давајќи пример со азилантите, јасно ставил до знаење дека не може да прифати отварање преговори со Албанија, но дека во оваа фаза, оставил простор за маневар околу Северна Македонија.

Во текстот, во кој се пренесуваат ставовите на Макрон и Меркел од Тулуз, исто така се цитираат и дипломатски извори според кои „Париз има неколку сојузници во однос на одбивањето на Албанија, но Макрон и неговата Влада се осамени во блокадата на С.Македонија“.

„Ставот на Франција предизвика бес кај членките на ЕУ, а германската канцеларка Ангела Меркел е таа што треба да го оставри своето влијание за Франција да ја омекне својата позиција“, пишува „Политико“.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17505

Trending Articles