Францускиот претседател Емануел Макрон нема да го промени ставот за Северна Македонија и Албанија во врска со започнувањето на пристапните преговори за ЕУ, извести репортерката на ТВ Клан од Брисел.
Како што кажа таа, покрај Франција, Данска е скептична за Албанија и бара раздвојување и давање на пристапни преговори само на С. Македонија, слично како и Шпанија која е скептична за Албанија поради активноста на криминалните групи во државата.