Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, Ангела Меркел, Емануел Макрон „и неколкумина други“ во моментов седат заедно и подготвуваат текст за проширувањето – информира ЕУ дипломат, објави НОВА.
По опсежната дискусија меѓу лидерите за аспирациите на С.Македонија и Албанија да се придружат на ЕУ, Туск побара пауза, надевајќи се на договор за надминување на француското опирање на почетокот на преговори за двете балкански нации.
Непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот.
Макрон во врска со прашањето за давањето датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, е единствениот кој засега најавува блокада. Тој во околу петминутното обраќање пред новинарите, не кажа ништо по ова прашање, но затоа се задржа подолго на постигнатиот договор за Брегзит.