Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17360

Заврши првиот ден од самитот, уште нема договор за Македонија и Албанија

$
0
0

Портпаролот на претседателот на Европскиот совет, преку Твитер извести дека некаде после 1:30 заврши првиот ден од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Изготвени се заклучоци за воената интервенција на Турција во Сирија, но нема ни збор за проширувањето на ЕУ, односно за одлука за почеток на пристапни преговори со С. Македонија и со Албанија.

Самитот продолжува утре во 10 часот, но на дневен ред се други теми и останува неизвесно дали и каква одлука ќе има за преговорите.

Известувачот на „Политико“ повикувајќи се на дипломат извести дека дискусијата сепак ќе продолжи утре.

Претходно:

Франција, Холандија и Данска се чини дека се изолирани во тешките преговори за Северна Македонија и Албанија, според функционер кој за дискусијата на лидерите го брифирал известувачот на „Политико“, пренесува „Либертас“.

Франција беше единствената земја што се спротивстави на започнувањето на пристапните преговори со двете земји. Холандија и Данска беа за почеток на разговори со Северна Македонија, но не и со Албанија. Лидерите дебатираат за заклучоци што би ги охрабриле аспирациите на земјите во ЕУ, но кои ќе ја одложат одлуката, најверојатно за на пролет.

Другите земји-членки на ЕУ беа подготвени да започнат пристапни преговори за членство и со Северна Македонија и Албанија, известува „Политико“.

Претходно се дискутираше за Сирија и турската воена интервенција, но и овој дел од самитот заврши па остана само дискусијата за проширувањето, што се чини дека е најтешка тема.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17360

Trending Articles