Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17788

Словенија и Малта со поддршка на Бугарија жестоко се спротиставиле одложување на одлуката за преговори за на пролет

$
0
0

Откако вчера станало јасно дека поради Франција не поминува компромисната варијанта за почеток на преговори и паралелно воведување нова методологија, на маса се нашла идеја за давање зелено светло само за Северна Македонија, а не и за Албанија. Но, иако претходно имаше информации дека Ангела Меркел би се согласила со такво сценарио, на крај таа, Макрон и италијанскиот премиер Џузепе Конте се спротивставиле на раздвојување на двете држави. Холандија и Данска биле „за“, пренесува „360 Степени“.

Следувала пауза и заедничко пишување предлог-заклучок од Меркел, Макрон и Туск, кој во основа предвидувал одложување на одлуката за на пролет, по локалните избори во Франција закажани за март, а во меѓувреме, воведување нова методологија.

Кога предлогот бил ставен на маса пред сите лидери, жестоко се спротивставиле премиерите на Словенија и на Малта, Марјан Шарец и Џозеф Мускат, а ги поддржал и бугарскиот колега Бојко Борисов. Аргументот бил дека предлогот е исклучително лоша порака до Северна Македонија и до Албанија и дека не смее да помине. Поради тоа, рано изутрината Самитот беше прекинат без заклучок за проширувањето, а неизвесно е дали дебатата на оваа тема ќе продолжи денеска.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17788

Latest Images

Trending Articles