Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17409

СЈО: Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје, истрагата продолжува

$
0
0

Специјалното обвинителство вечерва во 23:15 часот на профилите на Фејсбук и Твитер го објави следното:

„Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје. Истрагата продолжува“, објави СЈО.

katica

Инаку, денеска Кривичниот суд преку соопштение ја информираше јавноста дека за 4 лица се одбива притворот, останатите 4 лица уште не се појавиле пред судот.

Одбиено е барањето за притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко (кој треба да се јавува еднаш неделно во Судот во Ресен), како и на лицата М.П. и К.М.

Од истото соопштение јавноста дозна дека поранешната министерка Гордана Јанкулоска е во странство, како и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, за што биле приложени авионски карта и било одредено време кога да се јават пред судот.

Инаку, жалбите беа најавени уште попладнево.

„Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби“, најави СЈО на Фејсбук и Твитер профилите.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17409

Trending Articles