Ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, не потпишала наредба за отворање истрага за готов т.е. сработен предмет поврзан со нарачката и поставувањето на спомениците од проектот „Скопје 2014“, пренесува „А1он“.
Image may be NSFW.
Clik here to view.
За еден од најгломазните проекти проекти на претходната власт, уште на почетокот од април 2018 година, предистражната постапка во делот за спомениците била целосно завршена, но oд непознати причини, потпис од Jанева на изненадување на вработените во СЈО не бил ставен.
Според порталот станува збор за постапка во која се опфатени десетина лица за злоупотреба на службената положба и овластување и злосторничко здружување, а меѓу нив има ексминистри, ексфункционери од локалната самоуправа и звучни имиња од претходната власт, за кои имало цврсти основи на сомневања дека треба да бидат осомничени.
…